Легендарниот американски кошаркар и тренер Дон Нелсон почина на 86-годишна возраст, потврди неговото семејство.

„Во неделата, нашиот сакан сопруг, татко, дедо и прадедо, Дон Нелсон, мирно отиде да биде со Господ, опкружен со своето семејство. Во текот на претходната недела, семејството и пријателите го опкружија со љубов, споделувајќи го благословот на неговото пријателство и прекрасните спомени“, се вели во соопштението на семејството.