Утрово на 81 година почина театарскиот и филмски режисер, драмски писател, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра Љубиша Георгиевски.

Георгиевски беше роден во Битола на 30 мај 1937-та година.

На македонската јавност ѝ е познат и како кандидат за претседател во 1994-та година, беше амбасадор во Бугарија од 2000-2004 и претседател на Собранието на Република Македонија од 2006-2008.
Веста за смртта на Георгиевски на социјалните мрежи ја објави актерот Роберт Вељановски.