Македонскиот ракомет остана без свој долгогодишен делегат – почина Љупчо Јаневски.
-Во текот на својата кариера беше дел од ракометните терени најпрво како судија, а потоа и како делегат-контролор, оставајќи белег со својата посветеност и професионален однос. Ракометната федерација на Македонија изразува искрено сочувство до семејството и блиските. Нека почива во мир, објави РФМ.
Јаневски починал по кратко боледување.




