Тешка вест за сите љубители на фудбалот: почина Диего Армандо Марадона, пренесуваат сите светски медиуми.
Се се случило после кардиореспираторниот напад, срцев удар, кој му се случил во неговиот дом во Тигре.
Марадона почина на 61 година. Како што пишуваат аргентинските медиуми, не постоеле шанси да му се спаси животот.
Така светот остана без едно од најголемите имиња во фудбалот на сите времиња.
Роден е во Ланус, Буенос Аирес, на 30 октомври 1960 година. Почнал во Аргентина јуниорс, а играл уште за Бока, Барселона, Наполи, Севиља, Њуелс и повторно за Бока.
За репрезентацијата на Арентина одигра 91 натпревар и постигнал 34 голови, а го освоил СП во 1986 година.