Почина македонскиот пејач Момо Николовски.

Тажната вест ја објави на Фејсбук неговата сопруга, а семејството и пријателите праќаат пораки за сочувство.
Сопругата на Момо редовно известуваше за неговата здравствена состојба при неговата хоспитализација. Бараше помош и поддршка, беше органзиран и хуманитарен концерт, но Момо го загуби животот.

Момо Николовски беше познат пејач на народна музика, добитник на многу награди на македонски фестивали. Тој исто така беше вработен и во Општина Ѓорче Петров во секторот односи со јавност.