Европската куќа на ракометот (ЕХФ) му се извини на Стинг оти поради „Вардар“ мораше да го одложи неговиот концерт во Скопје за малку подоцна истиот ден.

Стинг, поради финалето во ракометната Лига на шампиони, во кое играше Вардар против Веспрем, реши да го почне концертот нешто подоцна од предвиденото.

Светската ѕвезда беше дел од ракометната еуфорија, а по крајот на финалето, „Авалон продукција“, која го организираше концертот на Стинг, му подари дрес од РК Вардар со неговото име и бројот 51.