Во врска со пукањето на Бит Пазар, ве известуваме дека повредениот А.С. (31) им подлегнал на повредите, посочуваат од МВР.

Како што претходно информираа од полицијата, денеска околу 14 часот на улицата „Војдан Чернодрински“ на Бит Пазар сеслучило пукањеод огнено оружје.

Констатирано е дека се работи за вооружена престрелка, а едно личе што било повредено итно било пренесено во Клиничкиот центар во Скопје.

„Денеска (25.04.2025) околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улица ‘Војдан Чернодрински’ на подрачјето на Бит Пазар има пукање од огнено оружје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи за вооружена престрелка, при што едно лице е повредено и е пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’“, стои во соопштението од МВР.

Оттаму посочија дека на местото на настанот се најдени повеќе чаури и се преземаат мерки за расчистување на случајот.