Почина скопската урбана легенда Илија Саздов, но за скопјани познат како Жабарот. Тој беше сопственик на гостилницата „Кај Жабарот“ на кејот на Вардар.
Култното кафеанче во Скопје беше главното свртилиште не само на познатите личности од јавниот живот туку и за сите скопјани, кои седнуваа тука на добра скара и од ќеф или на чашка скопски муабет.
Кај Жабарот доѓаа македонските политичари и лица од дипломатскиот кор.