Заменик градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи починал утринава од компликации со коронавирусот во болницата Систина откако претходно бил лекуван десет дена на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Тој бил донесен во исклучително влошена состојба и лекарите цела ноќ се обидувале да му го спасат животот, но за жал неуспешно.

Малиќи беше почесен конзул на Мексико, угледен бизнисмен и заменик градоначалник на Скопје. Тој беше назначен за заменик градоначалник од страна на градоначалникот Петре Шилегов. Малиќи истовремено беше управител на компанијата „Гемак Трејд“ и на хотелот „Парк“ на кејот на Вардар.