Мафијата на Зоран Заев ја урна економијата во Република Македонија. Поради неспособноста на владата предводена од СДСМ останаа над 40 илјади граѓани на улица за пет месеци, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија има историски пад на БДП од 12.9%.

Зоран Заев тргува со македонската историја, го продава Гоце Делчев.

Земјоделците поради владата на СДСМ се на питачки стап.

Протестираме и ќе продолжиме. Капакот на сѐ е поскапата струја која гризе од стандардот на сите. Затоа продолжуваме да протестираме против поскапата струја која носи сиромашен народ.

Во четврток, во 18.00 часот, протест на ВМРО-ДПМНЕ со автомобили кој ќе започне пред паркингот на спортската сала „Борис Трајковски”, по булеварот Партизански одреди, до пред Регулаторната комисија која делува како продолжена рака на СДСМ и Заев.

Поскапа струја, сиромашен народ“, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.