Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на поставувањето камен-темелник за изградба на автопатот Скопје – Блаце.
Изведувач на автопатот со должина од 10,5 километри, во вредност од 222 милиони евра, е градежната компанија „Гранит“ АД Скопје, која треба да го заврши за четири години. Делницата треба да се спои со веќе изградените 1,5 километар од автопатот Скопје – Блаце во близина на граничниот премин Блаце.
Договорот за изградба на патниот правец на 20 август годинава го потпишаа градежното друштво „Гранит“ АД Скопје и Јавното претпријатие за државни патишта.
Фото: архива




