Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер, претежно од северен и северозападен правец.

Како што се наведува на веб страницата на УХМР, дневната максимална температура ќе се движи меѓу 29 и 36 степени Целзиусови.

Во наредните денови времето ќе за задржи малку до умерено облачно и релативно топло со слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Во понеделник минималната температура ќе биде во интервалот од 14 до 21 степени Целзиусови, а максималната од 29 до 36 степени.

Во вторник минималната со вредности од 15 до 22 степени, а максималната од 30 до 37степени.

Во среда температурата ќе достигне до 37 степени, при што минималната температура ќе биде од 15 до 23 степени, а максималната ќе се движи во интервалот од 31 до 37 степени Целзиусови.