Владата ги повлекува предлог-измените на Законот за јавни собири и порачува дека има простор за разговори и подобрувања согласно со Уставот.
– Владата на РС Македонија ги слушна забелешките на граѓанските организации за најавените предлог измени на Законот за јавни собири и на денешната 164-та седница одлучи да ги повлече предлог-измените со цел да се обезбеди поширока консултација, соопшти владината прес-служба.
Владиниот кабинет смета дека има простор за разговори и за подобрување на содржината со цел, како што потенцираат, овозможување слобода на изразување на став на јавни простори низ јасно утврдени регулативи и исклучиво во согласност со Уставот на РСМ.