Само „Напред Дејан“, се вели во честитката и поддршката од претседателот Стево Пендаровски до македонскиот олимпиец Дејан Георгиевски кој со медал се враќа од Токио.
Пендаровски на Твитер му го честиташе големиот успех на Георгиевски и пласманот во финалето во таеквондо. Но, „таткото на нацијата“ како да се плаши од името на државата на која и е шеф. Тој во честитката не го пишува името на Македонија, го избегнува и со придавката на „С“.
Пендаровски за освојувачот на првиот олимписки медал за Република Македонија само скржаво напиша „Напред Дејан“.