И останале само неколку недели живот, а од Здружението за заштита на животните и подготвиле незаборавни моменти.
Нема да погрешиме ако ви кажеме дека ова е една од најтажните приказни што некогаш сте ги прочитате за животните.
Имено, едно куче од Северна Каролина најголемиот дел од својот живот го поминало на синџир, на територија од само два или три квадратни метри. Сопственикот упорно одбивал да го нахрани, да го одврзе или да го однесе на прошетка, а тогаш на сцена стапиле од здружението за заштита на животните ПЕТА.
Тие ја затекнале кучката Вили во катастрофална состојба … Таа била исцрпена, гладна, жедна … И останувале само неколку недели живот.
Од ПЕТА одлучиле да и подготват на Вили незаборавни моменти во последните денови.
По прегледите кај ветеринар, кога Вили си дошла на себе, посветено и е големо внимание.
Волонтерите ја однеле на прошетка, на плажа, риболов, возење со брод, масажа, и го прославиле роденденот со торта и свеќи.
Вили починала 16 дена откако си најде нови пријатели кои сето време ја опсипуваа со внимание.
Што да се каже освен секоја чест на волонтерите на ПЕТА, а со нивниот потег тие успеаја да предизвикаат солзи кај повеќето од оние кои го погледнаа ова видео.