Експлозивна направа експлодирала ноќеска 25 минути по полноќ во автомобил на кумановецот Р.Д.
Според информации од МВР, Р.Д. пријавил во полицијата дека во неговото возило „Фолксваген пасат“ кое се наоѓало на улицата „Сава Ковачевиќ“ во Куманово експлодирала експлозивна направа.
Повредени нема, а полицијата изврши увид.