Подморницата „П-911 Тиса“, произведена во поранешна Југославија во 80-тите години, ќе биде претворена во музеј, јави Танјуг.
Таканаречената џепна подморница, која стигна во Белград од Бока Которска со специјален камион, е една од шесте диверзантски подморници кои, според проект на Бродарскиот институт од Загреб, се изградени во периодот од 1981 до 1986 година и кои добиле имиња по југословенски реки.
Станува збор за мала, но многу опасна подморница, прилагодена за незабележливо поставување помали мински полиња во непријателски води.
Југославија беше една од 11-те земји во светот кои произведуваат подморници.