Во Австрија од денеска стапија во сила субвенционираните цени на струјата што Владата ги донесе со цел да ги растерети граѓаните, па сите домаќинства сега ќе плаќаат по 10 центи за киловатчас за потрошувачка до 2.900 киловат часови.
Имено, Владата утврдила дека просечната потрошувачка на едно домаќинство во Австрија е 2.900 киловат часови и за тоа количество енергија се применува субвенционирана цена, додека сè што ќе ја надмине таа сума ќе се наплаќа по моменталната пазарна цена.
На сите домаќинства, без да поднесат барања, струјата ќе им се наплаќа по таа цена.
Државата ќе субвенционира до 30 центи за киловатчас, за граѓаните да добијат цена до максимум 10 центи, бидејќи сите оператори ги покачија цените во изминатиот период.
Од друга страна, Владата не предвидела слични мерки кога станува збор за цената на гасот, а четвртина од Австријците го користат тој енергенс за греење.