Францускиот фудбалер од средниот ред, Пол Погба ја разбрани јавноста со изјавата за неговиот престој во вицешампионот на Англија, Манчестер Јунајтед.

Погба наводно е во лоша врска со менаџерот на тимот, Жозе Мурињо, а извесно време се шпекулира дека тој експлицитно побарал трансфер во својот поранешен клуб, Јувентус во текот на следниот трансфер период.

– Многу работи се кажаа, но јас имам договор со Манчестер. Мојата иднина е тука, имам договор и тука играм, но кој знае што може да се случи во наредните месеци, рече Погба.

Во врска со односот со Мурињо, тој негира дека има некои големи проблеми.

– Мурињо и јас имаме класичен однос меѓу играч и тренери, и така треба да биде. Можам да ве уверам дека јас секогаш давам 100 отсто, без разлика кој е мојот тренер. Секогаш давам 100 отсто за Јунајтед, тоа е се што сакам да кажам, додаде Погба.

Погба дефинитивно ќе се врати во Торино оваа година, бидејќи го очекува натпревар во групната фаза од Лигата на шампионите против Јувентус.