Неспретен крадец (37) од Русија експлодирал во вторникот додека се обидувал да ограби банкомат во градот Чероповец. Тој загинал на лице место додека го ставал импровизираниот експлозив, а безбедносната камера ја снимила ненадејната детонација.

Полицијата најпрво соопшти дека неидентификуван човек починал кога експлозив во Сбербанк го разнесе него наместо банкомат. Инспекторите подоцна започнале потрагата по соучесник кој избегал. Исто така, од апаратот не недостасувала ниту рубља.

„Се слушна експлозија и звук на искршено стакло“, изјави жена, која живее во зградата каде што се случи експлозија, додавајќи дека мислела оти целиот објект ќе се распадне.

Ударот бил толку силен што тешката метална врата на влезот во просторијата од страната на банкомат летнала околу 10 метри.