Поглаварот на Исламската верска заедница Шаќир Фетаху на заедничката прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши рече дека ќе се апелира до џамијата да заштеди што повеќе електрична енергија.
Фетаху најави дека џамиите трошат многу малку струја.
– ИВЗ нема многу проблем со рационално трошење енергија затоа што секогаш сме користеле струја во нашите објекти на многу рационален начин бидејќи сите наши објекти се финансирани од самите верници и ИВЗ со своите муфтии и поглаварите на џамиите се многу внимателни во потрошувачката на струја. Значи меѓу населението сме познати по многу мала потрошувачка на струја, ја имаме и оваа верска, институционална и социјална обврска, изјави Фетаху.