Македонскиот актер Владо Јовановски, кој мина долго време во притвор за случајот „27 април“, со стари поговорки во ново руво ја коментира и ја исмева актуелената македонска криминална состојба.

Тој поговорките ги насловува како „стари северни поговорки“, а инспирацијата очигледно му е од афарета Рекет:

Рекетарот на рекетарот му е рекетар.

Кој на друг рекет зад грб му копа, самиот во него пропаѓа.

Сложни рекетари куќа градат.

Четворица рекетари во едно рало гаќи.

Кој од корицата рекетот го вади, од рекет ќе загине.

Триесет и два рекетари под иста стреа спијат.

Не гледај го рекетарчето во туѓото око, туку гледај го рекетарот во своето око.

Покрај новосоздадените поговорки Јовановски објави и клетва: Да му умре рекетарот на комшијата!