Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо му се извини на селекторот на Англија, Герет Саутгејт затоа што го нарече со погрешно име Гери.

– Претходно разговарав со Саутгејт, но сакам да и кажам на јавноста за тоа. Кога му реков „Гери“ на Саутгејт, му објаснив дека, живеејќи толку години во Англија, секогаш бев убеден дека тоа е кратенка од Герет. Му се јавив на Гери и му се извинив и сакам ова да го објавам апсолутно отворено, бидејќи имам само почит кон Саутгејт, изјави Мурињо за „Talksport“.

Вербалната војна меѓу Мурињо и Саутгејт настана по повикот на Хари Кејн во репрезентацијата. Мурињо бараше играчот на Тотенхем да биде изземен поради големиот број натпревари во кус период.