Јас всушност немам што мудро да поентирам. Повеќе сакам да си кажам дека ми тежи на душа што бев дел од таква агенда. И дека следен пат милијарда пати ќе размислам пред да бидам дел од „револуции“.

Ова го вели Инес Ефремова, како што самата признава во објавата на Фејсбук, разочарана од тн. шарена револуција во Македонија.

Во продолжение нејзината објава на Фејсбук:

Веќе цел век, САД и пријателите го кројат светот преку „рушење режими“. Почнувајќи од Ходурас (од каде и потекнува терминот banana state), до египетски, украински и сл. пролетти, чиј резултат е секогаш ист – организирана промена на власт после која државата е оставена да тоне во хаос.

Го знаев тоа, ама не сакав да го видам кога се вплеткав во „Шарената револуција“. Сега ми е кристално јасно дека бевме марионети во идентичен проект, некои повеќе, а некои помалку свесни за тоа што се случува.

Странските учесници се повлекоа, а ние останавме со замрзнат конфликт и поголема беда поради локалните профитери. Инаку, само ментално ограничен човек или необразуван човек ова може да го контра-аргументира со „шо, дпмне да не требаше да ги оставиме“ или „ајдее миленко и мирка заговори“.

Јас всушност немам што мудро да поентирам. Повеќе сакам да си кажам дека ми тежи на душа што бев дел од таква агенда. И дека следен пат милијарда пати ќе размислам пред да бидам дел од „револуции“.