Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино не планира да привлече нови играчи преку зимскиот преоден рок, и покрај слабите резултати на тимот од почетокот на сезоната.

Тотенхем е деветти во Премиер лигата, на 13 бода зад лидерот Ливерпул.

– Мислам дека не ни требаат нови фудбалери во зима. Јас им верувам на играчите кои се во моментов во Тотенхем. Го почитувам мислењето на луѓето кои велат дека ни треба промена, но ако зависи од мене, ќе продолжам да сметам на истите играчи затоа што тие се доволно добри, прокоментира Покетино на прес-конференција.