Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино го коментираше поразот од Нант (1:2) на мечот од Лига 1.

Во средината на второто полувреме, фудбалерот за врска на парижаните, Анхел Ди Марија беше сменет откако се дозна дека му е ограбена куќата.

Провала имаше и во куќата на родителите на дефанзивецот на ПСЖ, Маркињос.

– Постои разочарување од загубата на три бода, но тимот беше загрижен за други работи за кои веројатно веќе знаете. Ова не е изговор, но нашата игра не беше енергична како порано. По натпреварот разговаравме со играчите, но не и за тоа што се случуваше на теренот. Надвор од фудбалот, постојат ситуации што треба да се разгледаат, рече Покетино.

По 29 кола во Францускиот фудбалски шампионат, ПСЖ е втор со 60 бода, три помалку од лидерот Лил.