Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино ги сумираше впечатоците од натпреварот од 19. коло на францускиот шампионат против Брест (3:0).
– Среќни сме со резултатот, тоа е плод на напорите на сите играчи, но имаме уште многу да поправиме. Мбапе одигра добра партија. Имаше шанси, затоа е штета што не даде гол.
Се надеваме дека ќе одиграме уште една пристојна игра против Марсеј и со тоа да создадеме услови за напредок на табелата, истакна Покетино.
По овој натпревар ПСЖ со 39 бода го зазеде второто место во поредокот, додека Брест со 26 поени е на 11. позиција.