ТВ презентерка на вести ќе не претставува во Њујорк, син на Алберт Муслиу, близок до власта во Чикаго, објавува ТВ Алфа.
Како што објавија дел од медиумите, Бесмира Ејупи која до вчера работела во телевизија, била предложена од страна на Министерството за надворешни работи за да биде генерален конзул во Њујорк. Оваа точка наводно била на вчерашната затворена седница на Владата. Дали 28 годишната Ејупи навистина ќе биде македонски политички претставник таму, од Владата ниту потврдуваат ниту демантираат. Во отворениот дел од седницата немало точка со вакво кадровско решение. Но медиумите веќе шпекулираат дека олуката била донесена зад затворени врати.
На отворената седница на Владата немаше точка со ова кадровско решение, рече портпаролот Душко Арсовски во одговор на новинарско прашање дали на вчерашната затворена седница на Владата поминало кадровското решение Бесмира Ејупи да биде назначена за генерален конзул во Њујорк.
Дека синот на Алберт Муслиу кој важи за поддржувач на власта, ќе се смести во македонскиот конзулат во Чикаго се шпекулира веќе неколку недели.
Не е прв пат одлуките на МНР за поставување амбасадори и конзули да предизвикаат негативни реакции и критики. Во септември минатата година Министерството предложи амбасадорското место во Обединетите нации да го заземе Љубомир Фрчковски. Екс министерот и професор претходно се обидуваше да го заземе и амбасодорското место во Вашингтон но не успеа.
Дека нема солидни кандидати за амбасадори и конзули, лани во јануари реагираше и претседателот Стево Пендаровски, на прашањето зошто долго време немаме амбасадор во Вашингтон „За многу прашања бавно доаѓаме до брзи решенија, во Вашингтон, Њујорк, Москва, ние мораме да излеземе со дипломатски и политички „тешкаши“ – изјави Пендаровски на 16 јануари. Досегашните неколку предлози за амбасадори и конзули, не само што не се „тешкаши“ како што предлага Пендаровски, туку тие никогаш ниту биле вработени во МНР.
Адријана Алексиеска