Премиерот Ковачевски му одговори на прозивките на владиката Агатангел кој во свој јавен настап повика на промена на власта и враќање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која според него била најсвета партија.

Според Ковачевски политичките изјави на свештени лица не заслужуваат внимание и коментар.

Вчера од овие изјави на повардарскиот митрополит се огради и Синодот на МПЦ од каде посочија дека тоа се само негови лични ставови.

Ниту СДСМ, ниту Синодот се оградија од политичките настапи на членови на Синодот кога снимаа спотови со кои граѓаните беа убедувани да гласаат „ЗА“ на референдумот за прифаќање на предавничките договори со Бугарија и Грција, ниту пак кога владици даваа политички интервјуа со кои ги поддржуваа двата договори.

Инаку, овој Синод го испрати и писмото на МПЦ до Бугарската Православна Црква со кое се прогласи за ќерка на БПЦ, што значи дека произлегла од неа, истото што Бугарија го бара како заклучок и за постоењето на македонскиот народ за кого тврди дека вештачки произлегол од бугарскиот.