Ускок (Специјалното обвинителство на Хрватска за сузбивање на корупција и организиран криминал) покрена обвинение против хрватскиот пејач Тони Цетински откако беше откриено дека користел лажен сертификат за вакцинација против коронавирусот.

Ускок (Специјалното обвинителство на Хрватска за сузбивање на корупција и организиран криминал) покрена обвинение против хрватскиот пејач Тони Цетински откако беше откриено дека користел лажен сертификат за вакцинација против коронавирусот, објави веб-страницата „Империјал“.

Како што дознава споменатиот медиум, заменик-обвинителот Вјекослав Шаулиќ на 28 декември 2023 година до Жупанискиот суд во Загреб го испратил обвинението против 18 лица, меѓу коиве и познатиот пејач.

Тони Цетински е обвинет дека платил за да добие лажни потврди за вакцинација против ковид-19.

Обвинетите се товарат дека му дале пари на Иван Џелалија, така што медицинската сестра Петра Румиха, која тогаш работела во домот на здравје Загреб запад и била овластена за пристап и внесување податоци во информацискиот систем на Министерството за здравство, лажно го внесувала податокот дека обвинетите биле вакцинирани.

– Кој нуди, даде или вети мито на службено или одговорно лице за да изврши службено или друго дејствие што не треба да го изврши во или надвор од границите на неговите овластувања, или да не изврши службено или друго дејствие што треба да го изврши или кој посредува при ваков поткуп на службено или одговорни лица, ќе се казни со затворска казна од една до осум години – се наведува во дописот.

Да потсетиме дека Тони еднаш зборуваше за наводите дека купил потврда за вакцинација.

– Ниту го купив, ниту го сакав тој сертификат за ковид. Секој ден луѓето ми нудеа сертификат, но јас никогаш не го прифатив. А обвинетите кои ги направиле воопшто не ги знам. За жал, системот вршеше притисок врз вакцинацијата на различни начини, па не чуди што луѓето воопшто успеаја да функционираат. И брзо се заборава – изјави тогаш Тони за „Јутарњи.хр“.