Температури под нулата се измерени утринава низ цела Македонија, а најстуден град е Берово со минус 19 степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, во Битола и Демир Капија се измерени -15 степени, во Крива Паланка и Струмица -14, во Штип и Маврово -13, во Крушево -12, во Петровец кај Скопје и во Охрид -11, во Претор -10, Тетово -9, Прилеп, Куманово и Виница -8, во Дебар -7, Скопје и Дојран -6 и во Гевгелија се измерени -5 степени.
Најмногу снег има на Попова Шапка каде висината на снежната покривка е 55 сантиметри, во Маврово е 40 сантиметри, а два сантиметри помалку снег има во Крушево. Снег има и во останатите градови низ државата.
За денеска, синоптичарите најавуваат сончево и студено време со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0 степени.