Водици е најзначајниот празик за Охрид. Иако годинава немаше масовно осветување на Охридското Езеро, а водосвет се вршеше во црковните храмови и дворови, за да не се напушти вековната традиција, педесетина капачи ѝ останаа верни на традицијата и се искапија во ладните езерски води.

На брегот можеше да се забележи и присуство на полицски службеници, кои неколку пати ги опоменуваа дел од присутните да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД 19, да носат маски и да држат дистанца. На сите капачи по излегувањето од вода им беа земани податоци чија употреба може да биде смао за поднесување пријава.

Пред некој дне, кога беше прашан зошто не биле казнети луѓето во Нижеполе кои беа собрани на купче како во фабрика за сардини, министерот Спасовски одговори дека нивното собирање било спонтано, за разлика од тоа во Вевчани. Аналогно, и денешното апење во Охрид не било спонтано, инаку на луѓето не ќе им беа земани податоци.