Попладнево во полициска акција на патарината кај Сопот, уапсени се двајца дилери на хероин од Прилеп.

МВР ја потврди информацијата, но повеќе детали најави за утре.

„Денеска во попладневните часови, на автопатот Скопје-Велес, во близина на наплатната рампа кај Сопот, полициски службеници приведоа две лица, кај кои е пронајден хероин“, информираа од МВР за Телма и потенцираа дека оваа полициска акција не е поврзана со заплената на марихуана кај Плетвар.