Каде е Хелсиншкиот? Каде се ОБСЕ?, се дел од орашањата кои еминентни поединци, професори, бранители на човековите права ги упатуваат преку социјалните мрежи.
Голем дел од нив сметаат дека синоќа специјалните полициски сили употребиле прекумерна сила, користејќи и шок бобми и солзавец врз толпа во која имало деца, жени и постари лица.
Се забележува дека се известува за тоа колку полицајци биле повредени, иако никаде не се спомнува колку цивили се повредени и во каква состојба се наоѓаат.
Во мандатот на Хелсиншкиот комитет се и настани како тој од синиоќа. До сега Македонскиот хелсиншки комитет известувал кога биле во прашање полициски акции, но зошто не и овој пат? Дали затоа што ВМРО-ДПМНЕ не е на власт? Дали претходната власт беше брутална против шарената револуција која фрлаше камења и боја врз полицијата? А каде се од ОБСЕ? Зошто молчат, прашува еден бранител на човековите права преку неговиот Фејсбук профил.