Јанко Бачев иако вчера се качи на еден од полициските транспортери излезе неповреден од протестите.

Поведе група од дваесетина луѓе, а додека траеше полициската акција мистериозно исчезна. Дополнителни дилеми кои денес се отвораат е зошто протестите се правеа пред Собранието, а не пред Владата која го потпиша капитулантскиот договор, зошто Бачев мавташе со знаме од друга држава пред македонската институција.

Очигледно дека Зоран Заев сака да се случи нов 27 април кој ќе треба да ја канализира енергијата на луѓето а своите опоненти да ги престави за радикален елемент. Снимките од полицајци со фармерки на себе и патики, кои пред да застанат меѓу своите колеги очигледно биле меѓу демонстрантите, фактот што за разлика од протестите пред некој ден вчера полицијата како да знаеше дека ќе има нешто па беа подготвени многу повеќе отколку досега (водени топоиви и сл) само потврдува дека вчера Комитите и демонстрантите влетаа во подготвено сценарио.

Како на филмска лента полицијата беше спремна да удри по својот народ. Додека радикалните елементи кои правеа политички маркетинг од целата ситуација го напуштија народот од пред Собранието.

Нов 27 април исклучиво му одговара на Зоран Заев. Само тоа ќе му помогне да ја пасивизира енергијата на луѓето и да го разбие прокосот на граѓаните.