Од зоолошката градина во Лунбах, град на западот од Германија, побегнале лавови, тигри и еден јагуар, јавува германската новинска агенција ДПА.
Според првите информации, побегнале два лава, два тигри и еден јагуар. Како што јави Франс прес, побегнала и една мечка, но набрзо била застрелана.
Како што јавува Телеграф, полицијата ги бара животните кои избегале и ги замолува граѓаните да не излегуваат од своите домови.