Во посета на Полицискиот центар Ѓорче Петров во Скопје денеска ќе бидат делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од министерот Оливер Спасовски, како и делегација од Министерството за надворешни работи, предводена од Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи.

Како што информираат од МВР, гостин на настанот е шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадорот Килиан Вал.Во куќата за пукање ќе биде изведена вежба од страна на единиците на МВР, која следува по кратка презентација од Специјалната антитерористичка единица Тигар и Единицата за службени кучиња при МВР.