Полицискиот час од 22.00 часот (30.03.2021) до 05.00 часот (31.03.2021) го прекршиле 23 лица, додека во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 609 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.