На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 158 мерки, во рамки на засилените акциски контроли што ги спроведува Министерството за внатрешни работи во областа на сообраќајот.
Како што соопштија од МВР, меѓу мерките 59 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, 22 за возење под дејство на алкохол, 13 за возење без возачка дозвола.
Изречени се девет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 13 за прекршоци на возачи на мотоцикли.
– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, повикуваат од МВР.