Бројот на жртви на студеното време во Полска достигна 62 лица, соопшти Владиниот центар за безбендост.
Вчера двајца мажи починале од хипотермија. Едниот бил 59-годишен жител на Вроцлав, а другиот 31-годишен жител на Краков, соопшти претставник на Центарот.
Локалните медиуми јавија дека сезонава во Полска се уште немало големи студови. Во последните денови температурите во земјата се малку над нулата.