Франција и Германија денеска потпишаа нов договор за пријателство, во западниот германски град Ахен, на денот кога се навршуваат 56 години склучувањето на Елисејскиот договор.

– Потпишувањето на нов договор за француско-германско пријателство е чекор кон формирање европска армија, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

– Двете страни даваат „придонес за формирање европска армија“ со тој текст, додаде Меркел.

Според неа, тоа ќе придонесе за изградба на „заедничка воена култура и заедничка воена индустрија“. Таа вели дека документот е неопходен поради „се поголемиот популизам и национализам“.