Судот во Варшава денеска го прогласи Томаж Арабски, помошник на поранешниот полски премиер Доналд Туск, за виновен од небрежност во врска со падот на авионот во Русија во 2010 година, во кој загина тогашниот претседател на Полска, Лех Качински и сите 95 луѓе во авионот.

Радиото Зет објави дека Арабски, кој тогаш беше шеф на Кабинетот на Туск, е осуден на 10 месеци затвор, условно на две години.

Авионот Ту-154 падна во 2010 година при слетување на рускиот аеродром „Смоленск – северни“.