Градоначалникот на полскиот град Гдањск Павел Адамович избоден е со нож за време на добротворна манифестација и според првичните информации тешко е повреден, објавија полските медиуми.
Се наведува дека 53-годишниот Адамович бил нападнат додека стоел на бината, а по нападот со итна помош е пренесен во болница.
Портпаролот на полицијата во Гдањск Мариуш Цијарка рече дека лекарите од Брза помош го реанимирале, но дека состојбата на Адамович е сериозна, пренесе телевизиската станица ТВН24.
Сооопштено е дека напаѓачот е упасен, но неговиот идентит и мотивот за нападот не се познати.