Американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди Турција за можна економска катастрофа ако ги нападнат Курдите по повлекувањето на американските сили од Сирија. Тој ги повика и Курдите да „не ја предизвикуваат“ Анкара.

– Ќе ја опустошиме економски Турција ако треба, ако ги нападнат Курдите. Треба да се формира зона на безбедност од 20 миљи, објави Трамп на Твитер.

– Исто така, не сакаме Курдите да  провоцираат Турција…Сега е време да ги вратиме нашите војски во татковината. Крај за БЕСКОНЕЧНИТЕ ВОЈНИ!, додаде тој во друга порака на Твитер.

Американските војници добија наредба од Трамп во декември да почнат со повлекување од Сирија. Таквиот потег го поздрави Турција, но под закана е положбата на курдските сили кои беа сојузници на САД против ИД.