Полскиот претседател Анджеј Дуда за време на посетата на Киев повика на укинување на балтичкиот гасовод Северен поток 2, кој ги поврзува Русија и Германија.
– Не може да има враќање во нормала во односите со Москва, рече Дуда денеска на самитот на Кримската платформа.
Според него, потребна е нова политика која ќе го отстрани Северен поток 2, јави полската новинска агенција ПАП.
Полска и другите источни членки на ЕУ долго го критикуваа руско-германскиот проект, посочувајќи дека тој му дава дополнително влијание на Кремљ во Европа во време кога енергетската безбедност на ЕУ е доведена во прашање.
Во февруари германската Влада одби да го пушти во промет гасоводот поради руската инвазија на Украина.