Во справувањето со коронавирусот, Турција ќе и даде на Македонија помош во медицински материјали.
Авионот на турските воени сили, како што објави порталот Курир, кој го носи медицинскиот материјал ќе слета на аеродромот во Скопје утре попладне.
Деновиве имаше повеќе реакции во врска со санкциите од ЕУ кон Турција, кои ги поддржа актуелната власт на Македонија. Реакциите беа дека правиме лош потег кон докажан пријател на Македонија во изминатиот период.