САД и Северна Кореја се договориле вториот самит на претседателот Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун да биде „што е можно побврзо“.

Двете страни ќе продолжат со утврдување на местото и датумот за нов состанок, рече американскиот шеф на дипломатијата Мајк Помпео.

Помпео беше денеска во Пјонгјанг на средба со Ким. Помпео пристигна во Сеул по четвртата посета на Северна Кореја, при што имаше средба с Ким. Американскиот државен секретар соопшти дека САД и Северна Кореја се согласиле да продолжат разговори за датумот и локацијата на следниот самит, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин.

Мун му се заблагодари на Помпео за неговата посета и изрази надеж дека потенцијалниот втор самит на Ким и американскиот претседател Доналд Трамп би бил успешен. Тие за првпат се сретнаа во јуни во Сингапур.