Групата седум индустриски најразвиени земји во светот Г7 денеска ја констатираше кинеската „кампања за дезинформирање“ за новиот коронавирус, изјави шефот на американската дипломатија Мајк Помпео.
– Комунистичката партија на Кина претставува голема закана за нашето здравје и нашиот начин на живот, како што тој јасно го покажа епидемијата“, рече Помпео на прес-конференција во Вашингтон по виртуелниот состанок со колегите од Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Канада и Јапонија.
Вашингтон ја обвинува Кина поради нетранспарентност на почетокот на епидемијата на коронавирусот и што дозволила да се прошири низ светот.
Министрите за надворешни работи на Г7 се состанаа пред виртуелниот самит на Г20 на најголемите светски сили, на кој ќе учествуваат и американските и кинеските лидери.
Помпео рече дека „не е време за обвинување, време е за решавање на овој светски проблем“.
– Очајнички сакаме да работиме со сите земји во светот, вклучувајќи ја и Кина, да најдеме решенија за што поголем број луѓе да останат живи, а потоа да ја обновиме економијата што ја уништи вирусот од Вухан, додаде шефот на американската дипломатија.
Помпео рече дека „секоја нација што беше на утринскиот состанок е длабоко свесна за кампањата за дезинформирање во која е ангажирана Комунистичката партија на Кина“.