Групата седум индустриски најразвиени земји во светот Г7 денеска ја констатираше кинеската „кампања за дезинформирање“ за новиот коронавирус, изјави шефот на американската дипломатија Мајк Помпео.
Комунистичката партија на Кина претставува голема закана за нашето здравје и нашиот начин на живот, како што тој јасно го покажа епидемијата“, рече Помпео на прес-конференција во Вашингтон по виртуелниот состанок со колегите од Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Канада и Јапонија.
Вашингтон ја обвинува Кина поради нетранспарентност на почетокот на епидемијата на коронавирусот и што дозволила да се прошири низ светот.

Министрите за надворешни работи на Г7 се состанаа пред виртуелниот самит на Г20 на најголемите светски сили, на кој ќе учествуваат и американските и кинеските лидери.

Помпео рече дека „не е време за обвинување, време е за решавање на овој светски проблем“.

– Очајнички сакаме да работиме со сите земји во светот, вклучувајќи ја и Кина, да најдеме решенија за што поголем број луѓе да останат живи, а потоа да ја обновиме економијата што ја уништи вирусот од Вухан, додаде шефот на американската дипломатија.

Помпео рече дека „секоја нација што беше на утринскиот состанок е длабоко свесна за кампањата за дезинформирање во која е ангажирана Комунистичката партија на Кина“.