Во согласност со фактот дека Москва се согласи на понатамошно намалување на нуклеарниот арсенал и ограничување на стратешкото нуклеарно оружје, Вашингтон во принцип е согласен да го продолжи Договорот СТАРТ со Русија, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Тој истакна дека тоа е историски договор на двете глобални суперсили.

– Русија во принцип прифати да ја замрзне својата нуклеарна програма и ние сме многу задоволни, дури сметаме дека станува збор  за историски договор, наведе Помпео.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков претходно изјави дека Москва се надева дека со Вашингтон ќе продолжи да преговара со нов договор СТАРТ, бидејќи тоа е значајно за глобалната безбедност.